Вработените во ЈП ,,Камена Река” во текот на минатата недела активно работеа на прочистување и проширување на регионалниот пат на излезот од општина Македонска Каменица кои води до Рудникот ,,Саса”, локалниот пат до село Саса и патот до село Моштица. Во следниот период ЈП “Камена Река” ќе продолжи со активностите и на другите локални патни правци кон останатите околни населени места.