Кои се загинатите во „пајперот“?

Шест лица загинаа во падот на авионот „пајпер“, во атарот на селото Кожле. Авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аеро-клубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, италијанката Илариа Берти, Ангело Калегари и Косовецот со италијански пасош Висар Бегај. Некои косовски медиуми јавија дека во несреќата загинал и братот на Висар, Ф. Бегај.
Авионот, кој летнал од Тревизо, требало да слета во Скопје за да наполни гориво, а потоа да се упати кон Приштина, но на два километра пред пистата леталото се губи од радарот.
Истрагата е во тек и сеуште нема информации што довело до падот на авионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *