ЈП Камена Река: Започна засадувањето на 700 нови декоративни дрвни видови во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 19.04.2022 година – ЈП Камена Река објави дека, Започна засадувањето на 700 нови декоративни дрвни видови. Со ова, ги најавија активностите за комплетно уредување и пролетно разубавување на сите јавни површини во Македонска Каменица.


Активностите на ЈП Камена Река за зазеленување на јавните површини, со засадување на високостеблести листопадни и зимзелени дрвни видови, како што стои во соопштението за јавност, ќе продолжат да се реализираат според утврдената динамика и Програмата за работа на претпријатието.

Садниците кои ЈП Камена Река започна да ги засадува денеска се набавени од општина Македонска Каменица, од каде надополнуваат дека Македонска Каменица ќе биде најзелен град во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *