ЈП Камена Река започна акција за чистење на базените за вода во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица започна акцијата за чистење на сите постоечки базени за вода за пиење

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, денес присуствуваше на почетокот на акцијата, каде истакна дека “Со денес започнатата акција од страна на Јавното претпријатие “Камена Река”, обезбедуваме чиста, здрава и поквалитетна вода за пиење за сите жители на општина Македонска Каменица”, при што потенцираше дека “акцијата ќе продолжи до крајот на неделата, а потоа следува третирање на останатите делови од градскиот водоводен систем и водоводните линии во руралните средини”

Во текот на чистењето на базенот во Стара Каменица беше присутен и директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски кој нагласи дека “Оваа метода за прочистување на базените за вода дозволува намалување на потребните количества на хлор и овозможува природно чиста, здрава и поквалитетна вода за користење на жителите на општина Македонска Каменица”.

“Според поволноста на временските услови, нашите активности ќе продолжат со чистење на сите зафати за вода и уредување на просторот околу самите извори”, – додаде директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *