ЈП Камена Река ги повикува граѓаните на голема Екоакција по повод Денот на пролетта

 


ЈП Камена Река објави известување до граѓаните на општина Македонска Каменица, во кое се вели дека “По повод Денот на пролетта, 21.03.2022 година (понеделник), ЈП “Камена Река” во соработка граѓаните, институциите и воспитнообразовните установи во општина Македонска Каменица ќе биде организирана голема пролетна екоакција”.

Големата пролетната екоакција започнува во 9.00 часот, а за собирно место е означен просторот пред влезот на ЈП “Камена Река”.

“Покрај чистење на излезите од градот кон Кочани и Делчево, екоакцијата опфаќа и засадување на дрвни садници на излезот од Македонска Каменица кон приградската населба Павлиш Дол и м.в Падарница” – известуваат од претпријатието, од каде дополнуваат дека “Заедно со најмладите, дечињата и учениците во Македонска Каменица, планирано е хортикултурно уредување на повеќе јавни простори, како и дворовите од детската градинка и двете училишта во Македонска Каменица”.

Во соопштението ЈП Камена Река “Ги поканува сите граѓани на општина Македонска Каменица да се приклучат кон акцијата за чистење на градот и засадување на садници, како би дале свој допринос за поубава, почиста и поздрава животна средина”.

ЈП Камена Река, како организација задолжена за одржување на јавната чистота и уредување на јавните зелени простори во градот и руралните средини, постојано организира вакви и слични екоакции во сите периоди на годината, на целата територија на општина Македонска Каменица.

 

 

* Фотографии од архивата на Каменица.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *