ЈП Камена Река беше домаќин на регионалната работна средба на АДКОМ за Источниот регион

Денеска во Македонска Каменица, директори и претставници од Јавните комунални претпријатија од Источниот регион одржаа регионална работна средба, каде преку предлози и планови, дисктураа за приоритетно решавање на проблемите со кои се соочуваат претпријатијата.

Од страна на Лолита Стојановска, како Извршен директор на АДКОМ, присутните беа известени за добиелниот грант од МЖСПП, кој предвудува одржување на 8 настани, по еден во секој од планските региони. На денешната работна средба беше разговарано за дефинирање на темата за настанот во Источниот регион, како и за начинот, местото и датумот на одржување на истиот.

Во понатамошниот тек на работната средба, присутнит разговараа за нивото на соработка помеѓу централната и локалната власт со Јавните комунални претпријатија во Источниот регион, како и потребата од изнаоѓање на начини за подобрување и зголемување на истата.

Поздравно обраќање кон присутните во воведниот дел од работната средба имаше и градоначлникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Воведно обраќање кон присутните имаше и дикректорот на Јавното претпријатие Камена Река од Македонска Каменица, Влатко Димитровски кој како домаќин на денешната Работна средба на ЈКП од Источниот регион ги запозна пристните со моменталните активности, начините на функционирање и состојбите во кои се наоѓа претпријатието.

Во дискусијата за актуелните тековни проблеми во работењето на ЈКП, можностите за нивно решавање, покрај Лолита Стојановска како Извршен директор и Фани Карамиха Петрушева како Програмски директор во АДКОМ, свои искуства споделија и Директорите на ЈКП од ЈКП Услуга – Берово, ЈКП Солидарност – Виница, ЈКП Брегалница – Делчево, ЈКП Водна Кула – Зрновци, ЈП Плачковица – Карбинци, КЈП Водовод – Кочани, ЈКП Камена Река – Македонска Каменица, ЈКП Комуналец – Пехчево, ЈКП Никола Карев – Пробиштип, ЈКП Облешево – Чешиново – Облешево, ЈКП Исар – Штип, ЈП Стипион – Штип.

 

 

Пишува: Горан Бразда/MediaPoint/kamenica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *