Јордан Цветановски од ЖКК Баскет Кам – член на Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија

Старо новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ го објави и списокот на членови на новиот Управен одбор.

Во наредиот четиригодишен период во работата на федерацијата ќе помагаат: Димитар Ефтимовски како потпретседател, потоа Ѓорѓе Војновиќ, Илија Мерџановски, Владимир Арсовски, Блаже Костадинов, Игор Мицевски, Алтин Малиќи, Аднан Шариќ, Амир Абед, Слободан Трајковски, Виктор Петрушевски, Бранислав Стојановски, Мустафа Ливарека. Членови на ова тело се и Стојмир Дејановски, како претставник на Прва лига-мажи и Јордан Цветановски, претставник на Прва лига-жени. Исто така, во новиот Управен одбор влегуваат Енвер Мифтари, претставник на Втора лига-мажи, Владимир Огњановски, претставник на Младинските лиги, и Александар Јончевски, претставник на Здружението на кошаркарски тренери.

Јордан Цветановски е долгогодишен претседател на ЖКК Баскет Кам од Македонска Камница. Клуб со кој Цветановски во последните 5 години успева да се наметне како респектиран тим и клучен фактор во сите натпреварувања. Едноставно, ЖКК Баскет Кам со многуте освоени медали во сениорска и младинска конкуренција, ја внесе Македонска Каменица на картата на современата и модерна македонска и европска клубска кошарка.

Собранието на федерација го изгласа и новиот Надзорен одбор кој ќе го сочинуваат Филип Гривчевски како претседател, и двајца членови, Душко Вељановски и Јанко Мишев.

Претходно на седницата, присутните делегати го прифатија извештајот за работата на федерацијата за 2022 година, вклучително и извештајот за финансиското работење на федерацијата за изминатата календарска година, кој го презентираше генералниот секретар Владимир Георгиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.