Македонска Каменица, 09.11.2021 година – ЈЛБ “Илинден” Делчево на својот официјален налог на социјалните мрежи објави вест дека клон библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица доби нови наслови и многу нови содржини.
Одлична вест за читателите во Македонска Каменица. Доволно е да се зачленат во Библиотеката и да уживаат во страниците од новите содржини. Библиотеката Крсте Петков Мисирков функционира во објектот на Дом на култура во Македонска Каменица.