Јавното претпријатие „Камена Река” продолжува со награди за редовните плаќачи на комунални услуги

Јавното претпријатие „Камена Река” продолжува со награди за редовните плаќачи на комунални услуги

 Јавното претпријатие „Камена Река” од Македонска Каменица и годинава преку наградна игра ќе ги стимулира корисниците редовно да ја плаќаат комуналната такса.

Како што информираат од Јавното претпријатие Камена Река, право на учество во наградната игра имаат сите корисници кои ќе ја подмират комуналната такса за месец декември 2022 година, најдоцна до 15 февруари.

-Доделувањето на наградите ќе се изврши на 23 февруари во кругот на Јавното претпијатие. Секој корисник ќе биде регистриран со шифри, кои се исти со шифрите кои ги имаат корисниците на својата комунална сметка. За најсреќните корисници чија шифра ќе биде извлечена, следува добивка, информираа од претпријатието.

Годинава, главни награди за најсреќите корисници од ЈП Камена Река се телевизор, правосмукалка и шестмесечна претплата.

Од Камена Река апелираат сите заинтересирани за наградната игра да ги платат сметки за декември до горе наведениот датум, а воедно и да го проследат извлекувањето во кругот на претпријатието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *