ЈАВЕН ПОВИК од КИЦ “Романса” за формирање на ликовна секција во рамки на установата

ЈАВЕН ПОВИК на Културно информативниот центар “Романса” од Македонска Каменица за формирање на ликовна секција во рамки на установата.

Ликовната секција ќе започне со работа од 01.02.2023 година. Ќе ја води Климентина Соколовска -дипломиран ликовен уметник од областа на класичното сликарство. Ова е прв таков обид за формирање на ликовна секција во нашиот град. Затоа упатуваме Јавен повик до сите ученици,студенти и останати граѓани од Македонска Каменица да се пријават најдоцна до 01.02.2023 година. Пријавувањето се врши во Домот на Култура, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, – стои во текстот од соопштението за јавност објавено од КИЦ Романса Македонска Каменица

Покрај формирањето на ликовна секција, од КИЦ Романса најавуваат активности од областа на литературата, односно формирање на литературна секција и средби на роднокрајните автори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *