Јавен повик за финансиска помош на еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители

Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски упатува Јавен повик до еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители, за доставување на барање за финансиска помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2023 година.

Јавниот повик од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица е распишан врз основа на Правилник за остварување на еднократна парична помош на еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители бр.09-634/1 од 09.04.2021 година и Правилник за измена и дополнување бр.08-1742/1 од 21.09.2022 година.

За остварување на финансиската помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2023 година, како што стои во текстот објавен од Општината, потребно е да се достави барање до Општина Македонска Каменица со следните документи во прилог:

  • -Фотокопија од важечка лична карта (или фотокопија на извод од матична книга на родени доколку се работи за малолетни лица);
  • Потврда од Министерство за труд и социјална политика за деца без родители и самохрани родители;
  • Изјава заверена кај Нотар за еднородителски семејства;
  • Потврда за примена плата во последните три месеци пред поднесување на барањето;
  • Потврда од АВРМ, за невработени членови на семејството и
  • Доказ од Управа за јавни приходи, на пријавени или остварени приходи (лични и за членовите на потесното семејство) за претходната година.

 

Јавниот повик се однесува за лица жители на Општина Македонска Каменица, – велат од Општината и потребната документација може да се достави до Архива на Општина Мakedonska Каменица (соба бр.1) или на е-адресата на Општина М.Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk во рок од три месеци сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *