ЈАВЕН КОНКУРС: Награда од 60.000 денари за најдобро изработени лого и слоган за проектот „Одржлив економски развој на Македонска Каменица“

Oпштина Македонска Каменица распишa Јавен конкурс за избор на најдоброто идејно решение
за лого и слоган за проектот
„Одржлив економски развој на Македонска Каменица


Јавниот оглас е распишан во рамки на проектот „Одржлив развој на Македонска Каменица“. Проект поддржан од страна на Општина Македонска Каменица и Фондација САСА, а истиот се имплементира од Prime Point Partners Македонија.

Ова е одлична можност за сите креативци да го покажат својот талент и да придонесат кон креирање на визуелниот идентитет на нашата живописна општина и нејзиниот одржлив развој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: „Такси Цар“ врши редовен утрински такси превоз до Штип во 06:45 часот и до сите дестинации во земјава и странство

Јавниот конкурс и условите за натпреварување во него, Ви ги пренесуваме во целост. Истиот можете да го погледнете подолу во текстот или доколку кликнете ОВДЕ

Насоки за натпреварот:

  1. Дизајн за лого:
  • Логото треба да биде единствено, оригинално и лесно препознатливо.
  • Треба да ја одразува историјата, природните убавини, културата и уникатноста на Македонска Каменица
  • Треба да содржи елементи кои ќе соодејствуваат со стратешките определби за локален економски развој на Македонска Каменица (линк до листа на стратешки определби, стратегија за локален економски развој)
  • Логото мора да одговара и за дигитална и печатена комуникација.
  1. Креирање на слоган:
  • Слоганот треба да биде краток, лесен за паметење и да го одразува идентитетот на општината.
  • Треба да предизвика чувство на гордост, единство и напредок/развој.
  • Треба да се земат во предвид клучните карактеристики и вредности на општина Македонска Каменица.

Заедно со идејното решение потребно е да се приложи и текст со кој ќе биде објаснет концептот за дизајнот на логото и предлог слоганот.

Наградениот автор ќе треба да изработи комплет бренд книга со изработени шаблони/пакет алатки со креативни графички решенија кои ќе се користат во дигитална и печатена комуникација.

Критериуми за подобност:

Право на учество на конкурсот имаат физички и правни лица од сите возрасти кои живеат на територија на Република Македонија. Се охрабруваат да учествуваат професионални дизајнери како и ученици, студенти и жители кои имаат желба за дизајн и креативност.Еден автор може да понуди повеќе идејни решенија.

Упатства за поднесување:

Предлозите да бидат доставени на електронска пошта до: proektmkamenica@gmail.com

со назнака: За Конкурс за избор на идејно решение за лого и слоган за општина Македонска Каменица

  1. Предлог дизајните за логотреба да се достават во висока резолуција во JPEG или PNG формат;
  2. Логото да биде изработено и во векторски формат во: EPS, CDR (Corel Draw) и/или Al (Adobe iliustrator) фајл формат (квалитет 1500 * 1500 пиксели)
  3. Доставете ваше полно име, контакт информации и краток опис на концепт дизајноти слоганот во е-поштата.
  4. Крајниот рок за поднесување е 19.07.2023 – до крајот на денот, а доцните пријави нема да бидат прифатени.

 

Критериуми за оценување:

Kомисијата за распишување на конкурсот во соработка со тимот за имплементација на проектот е одговорна за спроведување на конкурсот и оцена на предлозите според следните критериуми:

  • Креативност и оригиналност
  • Релевантност за Македонска Каменица и нејзините стратешки определби за одржлив развој
  • Визуелна привлечност и естетика
  • Лесен за паметење и влијателен слоган

 

Награда:

​Наградниот фонд за најдоброто идејно решение изнесува 60.000,00 денари.

Авторските права ќе се уредат на начин што ќе се склучи договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело од страна на општина Македонска Каменица за награденото решение, без никакви обврски спрема авторот освен утврдената награда.Првонаградениот автор ќе треба да изработи бренд книга/насоки за видливост во рок од 3 (три) неделипо потпишување на договорот која ќе содржишаблони/пакет алатки со креативни графички решенија кои ќе се користат за публикации (брошури, летоци, билтени, меморандуми), банери, социјални медиуми, веб страница, промотивни материјали ( нотеси, пенкала, итн.) наменети за потребите на проектот „Одржлив развој на Македонска Каменица“, вклучувајќи:

  1. Бои на брендот
  2. Типографија
  3. Слики/илустрации

До завршување на проектот логото и слоганот ќе се користат само за целите на истиот, а по негово завршување логото и слоганот остануваат сопственост на Општина Македонска Каменица.

Известување:

По завршувањето на Конкурсот, избраниот автор писмено ќе се извести и истиот ќе се обврзе во рок од 3 (три) работни дена по добивање на известувањето да достави изјава заверена на Нотар за гаранција за оригиналност на идејното решение.Најдоброто идејно решение ќе биде објавено на веб-страницата на општината. Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно решение од поднесените предлози.

Со нетрпение очекуваме да ги добиеме вашите иновативни дизајни за лого и слогани кои ќе го обликуваат бренд идентитетот на општина Македонска Каменица, поврзан со нејзиниот одржлив економски развој.

За прашања или дополнителни информации, ве молиме контактирајте со Мартин Анастасовски,proektmkamenica@gmail.com, тел.број 070298144.

Материјали

Дополнителни материјали кои можете да ги користите за изработка на лого/слоган се следните:

Сите заинтересирани апликанти, може да присуствуваат и на работилницата која ќе се одржи во КИЦ Романса, Македонска Каменица на 11.07.2023, во 10.30 часот со цел добивање на повеќе информации за стратешките развојни определби и бренд обележја за Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *