ЃОКОВИЌ ПО РЕКОРДЕН ОСМИ ПАТ ЌЕ ЈА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА КАКО СВЕТСКИ РЕКЕТ БРОЈ ЕДЕН

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е најдобриот тенисер во светот, откако по многу борба, со 2:1 во сетови го победи Холгер Руне во првото коло на завршниот АТП мастерс турнир во Торино. Повеќе од три часа траеше исцрпувачкиот меч, а на крајот 36-годишниот Ѓоковиќ имаше повеќе сила и енергија од 16 години помладиот противник. 

„Уште од првите неколку гема видов дека ова ќе биде многу тежок меч и дека ќе мора многу да се намачам за да победам. Победа е победа, а овојпат на теренто бев многу и емотивен, затоа што знаев дека ако победам ќе го обезбедам првото место на АТП листата на крајот од годината. Многу ми значи ова, успеав. Сам на себе си наметнав притисок дека морам да победам на овој меч, иако имам уште два дуели од групната фаза во кои можев да ја бркам посакуваната победа. Сега што и да дојде во продолжение на овој турнир е бонус. Јас ја исполнив целта“, рече Ѓоковиќ по победата над Руне.

Ова беше 254 победа на Ѓоковиќ против тенисер кој е во Топ 10 на АТП листата.

Извор: sportmanija.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.