Што напиша каменичката спортска јавност за денешната посета на Влатко Стојановски на ФК Каменица САСА (ФОТО)

Македонска Каменица, 23.06.2021 година – FC Kamenica Sasa – Bageri, бројни спортски работници и членови на ФК Каменица Саса објавија фотографии од денешната средба на македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски со најмладите членови на клубот. Со свои зборови го опишаа големиот гест на миленикот на каменичани и еден од најголемите гол мајстори во редовите на националниот тим.

Во прилог дел од скрин фотографиите од статусите на фејсбук од голем број на спортски работници, членови на клубот и поддржувачи на спортот во Македонска Каменица

Очигледно, најголемата радост и возбуда од средбата била кај најмладите членови на клубот, кои впрочем се и негови најголеми фанови. Влатко Стојановски ја искористи посетата на Градскиот стадион во Македонска Каменица, на најмладите фудбалери на ФК Каменица САСА да им подари комплети со спортска опрема.

Желби за уште многу успеси на Влатко Стојановски во националниот дрес и интернационалната кариера, а на неговите најмали фанови им посакуваме токму тие да бидат идните ѕвезди кои ќе ја понесат убавата приказна за нашиот град во европските и светски фудбалски води.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *