Што напишаа спортските медиуми за денешната победа на Баскет Кам над големиот Партизан?

Убавите вести брзо се шират! На победите сите им се радуваат! Особено кога малите места како нашата Македонска Каменица постигнуваат спортски успеси против клубовите кои доаѓаат од градови кои важат за центри на европската клубска кошарка!

Висок пораз на моќниот белгадски Партизан во Македонска Каменица

Сите поголеми македонски спортски електронски медиуми и информативни портали веќе известуваат за големата и значајна победа на Баскет Кам над моќниот белградски Партизан.

Шампионот на Македонија убедливо го совлада Партизан пред своите фанови. Пред каменичката публика успеа буквално да го декласира балканскиот великан, славејќи со конечни 113: 95, доволни да го запоседне деветото место на табелата од најсилното медитеранско натпреварување.

Во прилог насловите од македонските медиуми кои со пиетет ја објавуват веста за победата и успехот на Баскет Кам и Македонска Каменица во државните и европските првенства.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *