Што зборува вашето лице за вашето здравје

За сите оние кои маки мачат со бубулици и акни, ви ја претставуваме мапата на лицето на одредени проблеми за кои не сме ни помислиле. Со овие едноставни совети можеби засекогаш ќе ги решите вашите проблеми без да посетите козметичар или дерматолог. Еве како вашето тело функционира:

Зона 1 & 2: Проблеми со пробава

Јадете помалку процесирана храна и брза храна, намалете ја количината на масти со некоја лесна диета, зголемето го внесот на вода во организмот и додадете свежи краставици во исхраната.

Зона 3: Црн дроб

Намалете го алкохолот, масната храна и млечните производи. Ова е зона во која се појавуваат и алергии на храна па внимавајте на составот на тоа што го конузмирате. Вежбајте до 30 минути секој ден и погрижете се доволно да спиете зашто тогаш вашиот црн дроб се регенерира.

Зона 4 & 5: Бубрези

Било каква појава околу очите, па и темни кругови, укажуваат на дехидрација. Пијте вода!

Зона 6: Срце

Проверете си го притисокот и количината на витамин Б. Намалете го внесот на зачинета и горчлива храна, и внесот на месо. Најдете начин да го намалите холестеролот со јадење на риба и авокадо, бадеми и лешници.

Зона 7 & 8: Бубрези

Пак вода! Намалете го внесот на газирани пијалаци, кафе и алкохол зашто водат до дехидрација.

Зона 9 & 10: Бели дробови 

Пушите ли? Склони сте на алергии? Ако не е тоа случај тогаш водете сметка телото да не се прегрејува, јадете поладна храна, намалете го внесот на шеќер, и вдишувајте повеќе свеж воздух. Исфрлете го месото, млечните производи, алкохолот, кофеинот и шеќерот, а внесувајте што повеќе зеленчук.

Зона 11 & 12: Хормони 

Ова е доминантна зона за стрес и хормонални промени. Иако игледа дека е невозможно да се влијае на тоа, можете да направите драстична промена со доволно сон, внес на течности, јадење на лиснат зеленчук и одржување на кожата чиста. По правило акните се појавуваат при овулација.

Зона 13: Желудник 

Зголемете го внесот на растителни влакна и пијте билни чаеви за да се подобри пробавата.

Зона 14: Болест 

Бубулиците и акните на ова подрачје може да биде знак дека телото се бори со некаква бактерија за да се избегне болест. Вашата кожа комуницира со вас во име на внатрешните органи, па затоа најдобро е да се консултирате со дерматолог.

Ова е генерален водич за да знаете за што станува збор, и немојте веднаш да паничите дека имате проблеми со бубрезите или црниот дроб, ако добиете една бубулица. Водете сметка за вашето тело и запомнете дека за секој проблем постои решение.

Извор: makmoda.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *