Штипјанец си ја претепал жената и завршил во полициска станица

Б.Ш. (41) синоќа завршил во полициската станица во Штип, откако бил приведен по наредба на Основното јавно обвинителство поради постоење сомневање дека извршил кривично дело „телесна повреда при семејно насилство” над неговата сопруга М.Ш. (38) и постоење на сомнение дека истиот ќе го продолжи делото.

Лицето е задржано во рамките на предвидениот законски рок. Tој кривичното дело го сторил вчера во семејниот дом во Штип при што физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел видливи повреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *