Штипјанец изгреба половина милион денари

Среќата удри и во Штип. Популарната грепка „златна рипка“ на штипјанецот Николче Лозов  му донесе половина милион денари. Додека да дојде до големите парите, Лозов претходно изгребал две грепки на кои добил по 50 денари.

Истите, веднаш ги заменил за нови и едната од нив  во себе криела големо богатство. Среќен за него бил бројот 27, под чие поле се криела сумата од 500.000 денари:

  • Маж и жена дојдоа 20 минути по отворањето на дуќанот, гребеа неколку пати и на последната им се падна добивката, рече Глигор Самарџиски, продавач во трафиката каде е изгребана грепката.

Инаку, Лозов среќата со гребење на грепки си ја пробувал многу често, а по добивката е со намера да заигра и лото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *