Штипјанец вработен на брод вчера загинал во водите на Тихиот Океан

Штипјанец (33) кој работи на брод, вчера загинал во водите Тихиот Океан, во близина на брегот на Шри Ланка. Информацијата за смртта на штипјанецот Ангел, доцна попладне ја потврдија и од МВР.

Портпаролот на Министерството – Боро Мирчевски, за Ирис во телефонски разговор потврди дека Министерството добило информација за починат македонски граѓанин, но детали за смртта ќе објават во текот на денешниот или утрешниот ден.

Ангел извесен период работел за корејската компанија ХГС, а претходно во Македонија бил вработен во АРМ.

Според неофицијални информации, младиот штипјанец починал вчера навечер, а бил вработен како обезбедување на карго танкер, кој пловел на релација Дубаи – Шри Ланка.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *