Наградни игри и подобра организација го подобрија функционирањето на ЈП „Камена Река“

Со наградна игра до подобра наплата на комуналните услуги. Ова е рецептот кој веќе неколку години го практикува  ЈП „Камена Река“ за да ја подобри наплатата. Во моментов, наплатата на вода е над 95 % од корисниците, што е најмногу во регионов:

„Целта е преку оваа наградна игра да ги мотивираме сите корисници кои нередовно ја плаќаат водата. Процентот на наплата оваа година е зголемен за 3-4% за разлика пред воведување на наградната игра“ – изјава Влатко Димитровски, технички директор ЈП „Камена Река“.

Инаку, годинава ЈП ќе започне со дигитализација на водомерите што треба да донесе и порационално користење на водата која досега каменичани ја плаќаа паушално и тоа по 5 кубика вода од член на домаќинство во колективните згради, а по 6 денари од член во индивидуалните објекти за домување. Општината за таа цел изводила средства од буџетот.

„Ставивме определени средства кои ќе бидат наменети за модернизирање на водомерите, набавка на модул за дигитално читање на водомерите со што ќе се модернизира функционирањето на ЈП. Ова го правиме со цел да се подобри функционирањето на општината, подобра организираност на ЈП и можност сите услуги да бидат со пониска цена на чинење“ – изјави Дарко Митевски, градоначалник на Македонска Каменица.

ЈП Камена Река оваа година од буџетот на општината ќе добие 5 милиони денари за набавка на машини за чистење снег и уредување  јавна површина, а лани со пари од буџетот набавија ровокопач, метачка за собирање смет и машина за расфрлање песок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *