Шаховската школа на ШК “Каменица САСА” започна со тренинзи за деца и млади шахисти

Македонска Каменица, 06. Април 2023 година – Како што објави Шаховскиот клуб “Каменица САСА” од Македонска Каменица, на првиот тренинг од шаховската школа учествуваа десетина деца.

– За наша радост, на шаховската покрај децата од Македонска Каменица, учествуваа и деца од соседно Делчево. Децата, на првиот тренинг, имаа можност за многу забава, радост и мудри шаховски потези, – стои во објавата од Шаховскиот клуб во Македонска Каменица

Најдобрите деца од нашата школа, велат од ШК Каменица САСА, оваа година ќе учествуваат на официјалното државното првенство во организација на Шаховската федерација на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *