Шампионска игра на девојчињата на „Баскет Кам“

Женската екипа на Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“ (М-16) ја извојува втората победа во вториот натпревар сезонава. Девојчињата од Македонска Каменица ја совладаа екипата на „Бал фор лајф“ од Куманово со убедлив резултат 57:17. Најдобри во домашниот тим беа Стефанија Георгиева со 13 поени, Моника Зафировска со 12 и Стефани Колева која постигна 9 поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.