Само во Делчево: Тренер наместо на кошаркарски натпревар отишол на лов

Споделено од www.gol.mk

Во македонската кошарка повеќе ништо не може да не изненади, а пример за тоа е и последното случување, кое да не беше смешно, ќе беше жалосно. Имено во рамките од петтото коло во Првата лига за жени силите требаше да ги одмерат Вардар и Клупски Патриот, но мечот не се одигра.

Составот од Делчево без никакво известување или претходна најава дека нема да може да патува и да го одигра натпреварот, не се појави вчера во салата СРЦ „Кале“ каде што домашните кошаркари се подготвуваа за мечот. Сепак кратко траеше неизвесноста за причините зошто не се појави гостинот, а причините ги објасни тренерот и прв човек на клубот Љупчо Петровски.

„Место на кошарка во Скопје, јас сум на лов на дивеч во Фролош, Бугарија. Нов спорт, финансиски исплатлив. Доста дававме пари, сега малку да зимаме. Кој сака месо од диво гуде може да ми се јави“, напиша Петровски на социјалната мрежа Фејсбук.

Од напишаното може да се заклучи дека иднината на Клупски Патриот, тим кој пред неколку сезони го освои Купот на Македонија е доведена под знак прашалник.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *