Шампионот ЖКК Баскет Кам пресилен за МЗТ Скопје Аеродром

Кошаркарките на Баскет Кам од Македонска Каменица го добија дерби дуелот со МЗТ Скопје Аеродром, одигран во рамки на 7. Коло на женската Прва лига на Македонија. Натпреварот одигран попладнево во спортската сала „Јане Сандански“, заврши во корист на актуелниот шампион Баскет Кам кој славеше со 67-51.

Гостинките одлично го отворија натпреварот и поведоа со 9-0. Веќе на првата пауза имаа и двоцифрена предност 26-14. Во ист ритам го продолжија и вториот период, па на полувремето заминаа со 17 поени разлика (42-25).

Второто полувреме беше само чиста рутина па тимот од Македонска Каменица славеше со 16 поени разлика 67-51.

За Баскет Кам ова е шеста победа, додека за МЗТ Скопје втор пораз сезонава.

ТАБЕЛА: Баскет Кам 13, Вардар 11, МЗТ Скопје Аеродром 12, Куманово-Гризли 9, Крива Паланка 8, Пробаскет 8, Бадел 1862 8, Струга 2009 6.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *