Чиста и здрава вода за пиење за домаќинствата од приградската населба Павлиш Дол

По завршувањето на изградбата на новиот водоводен систем во должина од 2450 метри, со вкупен капацитет од задоволување на потребите кај 150 домаќинства од приградската населба Павлиш Дол, ЈП Камена Река продолжува со интензивни работни активности за изградба на секундарната водоводна мрежа.

“Нашите екипи за комунални работи, интензивно работат на изградба на нови водоводни линии и приклучни станици, за вклучување во новоизградениот водоводен систем на домаќинствата од приградската населба Павлиш Дол во Македонска Каменица” – велат од ЈП Камена Река

За овие градежни активности, особено важни за жителите на оваа приградска населба, градоначалникот Атанасовски повторувајќи ја заложбата на локалната самоуправа за конечно решавање на комуналните проблеми на целата територија на општина Македонска Каменица, изјавува дека “Продолжуваат посветено кон поставената цел – до крајот на мандатот да бидат решени 90 проценти од инфраструктурните проблеми во Македонска Каменица”, при што додаде дека “Нашите жители заслужуваат подобри патишта, нови водоводни и канализациони системи и ние ќе го реализираме тоа”.

Со приклучувањето на новиот водоводен систем, решение на елементарната потреба од водоснабдување со чиста и здрава вода за пиење, ќе добијат околу 60 семејства.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02vBycZLaZUKPgfMZ5ZZRTN4RSPPzjH2Cp29AcRsJmCyeoyytGPzuWaFiHqLrr5Haul&id=100072055344868

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0WM3saBGcxer2Q6nM4bkDH79xCjwDBFNCzdCjwJbG57pyYcjiXpmcNQnKLoiTRLebl&id=100003310618671

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *