Четири првотимки на ЖФК Каменица САСА во составот на женската репрезентација на Македонија

Дури четири првотимки на ЖФК Каменица САСА се дел од составот на репрезентација на Македонија,
Елма Шемсовиќ, Мила Талевска, Драгана Костова и Ленче Андреевска

Женската репрезентација на Македонија ќе одигра два квалификациски натпревари на 01. и 06 Септември против репрезентациите на Латвија во Скопје и против Австрија нс гостински терен.

Ова е уште една потврда за врвниот квалитет за каменичкиот женски клубски фудбал на национално и меѓународно ниво. Управата на клубот им посакува личен успех на своите девојки, како и добар репрезентативен резултат во претстојниот квалификациски циклус. Честитки и признанија, за овој успех, пристигнуваат од голем број љубители на фудбалот во Македонска Каменица и регионот, како и од фанови на ЖФК Каменица САСА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *