Цртан со кој пораснаа многу генерации: Пајо Паторот наполни 90 години!

Пораснавме со овој цртан: Пајо Паторот наполни 90 години!

Цртаниот херој Пајо Паторот ја „виде светлината на денот“ денеска, односно на 9 јуни, само многу години порано, поточно во 1934 година.

Пајо, бела патка, облечена во сино морнарско одело со сина капа и црвена машна, претставува еден од најпознатите ликови на Волт Дизни веќе 90 години.

Доналд Дак, како што е оригиналното име на овој цртан херој, првпат се појави во цртаниот филм кој носи наслов Паметна мала кокошка.

Една од главните причини за неговото појавување е тоа што Мики (Мики Маус) се намалуваше во популарноста и Волт Дизни сакаше да претстави лик кој по темперамент ќе се разликува од него.

Со Мики првпат се појавува во цртаниот филм „Помагање на сираците“ во август 1934 година, а по добрата реакција на публиката, Пајо остана постојан член на групата херои на Дизни, во која се и Мики, Мини, Шиља и Плутон.

Најпрепознатлива карактеристика му е вжештениот темперамент кој го внесува во разни неволји и кавги со пријателите. Покрај тоа, Пајо е многу лојален и добар пријател, иако понекогаш е љубоморен на Мики.

Покрај „краткиот темперамент“, големиот проблем на Паја е што многу сака злато и богатство и е опседнат со желбата да се збогати, следејќи го својот вујко Баја.

Пајо патката во авантурите го придружува неговата девојка Пата, чие однесување често го „полудува“, како и неговите тројца братучеди – Раја, Гаја и Влај, на кои често им се фали со приказни од младоста.

Во 2004 година, оваа нервозна патка конечно ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд и на тој начин ја потврди титулата „најпозната патка на светот“.

Извор:Деск 4NEWS.MK

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *