Цената на цигарите континуирано ќе расте. Пробајте да ги откажете!


Согласно измените во Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун, од јули годинава се очекува ново поскапување на цигарите. Законот предвидува зголемување на цигарите секоја година за најмалку 4 денари до 2023 година, што би значело дека една кутија цигари може да достигне и цена близу до 200 денари по кутија до крајот на циклусот. 

Цигарите во текот на минатата година поскапуваа и повеќе отколку што тоа го наложуваше Законот за акцизи, па одредени брендови веќе до крајот на годината ќе надминат цена од 150 денари по кутија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *