Штип: Крадецот фатен – парите и златото никаде ги нема

20 годишен штипјанец е крадецот кој минатат недела од куќа на улицата Сутјесна украде 20 златни  лири, 5 .000 евра и техника, во вкупна вредност од 500.000 денари. Крадецот, полицијата го фати експресно, но парите и златото- никаде ги нема:

  • Пронајдени се дел од техничките предмети, како телевизор, музички систем, ресивер и истите се вратени на сопственичката, кажа Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Кражбата на Сутјеска, е една од шесте тешки кражби кои полицијата ги расветли денес, а за кои одговорни се три лица на возраст од 10-25 години.

Останатите пет се однесувата на кражби од викендици на Кумлакот:

  • Оттаму се украдени земјоделски алатки, ракија, метални предмети. истите се пронејдени и вратени на сопствениците, рече Панајотова.

Сите ососмничени од полицијата се со кривични пријави, но напраената штета од крадците, тешко се надоместува. Затоа од полицијат апелираат вратите и прозорците добро да бидат затворени, вредните предмети да не се оставаат на видни места, да се постават аларми или камери, а секое сомнително движење на непознати лица, да се пријави во полиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *