Цветанка Димова е најкорисниот играч на финалната „плеј-оф“ серија од шампионатот на Македонија

Цветанка Димова е најкорисниот играч на финалната серија

Имаше навистина одлични изданија во текот на трите натпревари во оваа финална серија на плеј-фот во женска конкуренција. И сосема заслужено, Цветанка Димова беше прогласена и за најкорисен играч на финалето на плеј-офот во кое сериозно му помогна на својот тим, Баскет кам 2011 да ја одбрани шампионската титула.

Особено доминантни беа нејзините изданија на првите два меча од финалето, кога практично го одбрани домашниот терен. А играта на ново-стариот шампион не може(ше) да се замисли без нејзиното присуство на теренот и на третиот, и решавачки меч во серијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *