Цвекло – зеленчук богат со витамини

Цвеклото е едно од најлековитите зеленчуци, коe редовно можеме да го имаме на нашата трпеза.

Лекарите велат дека дури и само една порција на салата, во текот на денот, од цвекло измешана со некој друг зеленчук, може да придонесе за поголема енергија и поголема концентрација, а исто така да делува и превентивно против настинката и грипот.

* Здравствени придобивки од цвеклото:

1. Цвеклото речиси и не содржи масти

Овој зеленчук ја регулира вашата желба за јадење на благо, а е еден од ретките зеленчуци кои во себе речиси и да немаат масти. Затоа честопати се препорачува кога се започнува со некоја диета.

2. Богато е со фолна киселина

Овој зеленчук е особено погоден за жените кои се бремени, затоа што се препорачува како извор на фолна киселина, наместо лековите кои мораат да ги земаат поради недостаток на истата киселина.

3. Го намалува високиот крвен притисок

Цвеклото го намалува високиот крвен притисок, ја подобрува циркулацијата на крвта во телото и се бори против кардиоваскуларните болести.

4. Го регулира нивото на шеќерот

Со оглед на тоа дека цвеклото има гликемиски индекс 64, што значи дека бавно се разградува и трансформира во глукоза која се користи за задоволување на енергентските потреби на организмот. Поради истите причини ова му овозможува подолготрајна ситост на организмот и константна енергија во текот на денот.

5. Богато е со хранливи состојки

Цвеклото е зеленчук кој во себе содржи многу хранливи состојки, како што се витамините А и Ц, бетаин, калциум, минерали, магнезиум, фосфор и железо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *