Футсал Клубот „Рудник САСА“ организира ревијален натпревар по повод 10 години од формирањето

Македонска Каменица – Во Сабота на 09. Јули 2022 година, со почеток од 19:00 часот во Спортската сала во Македонска Каменица, поранешните играчи, тренери и членови на Футсал Клубот „Рудник САСА“, ќе одиграат ревијален фудбалски натпревар по повод 10 години од формирањето на клубот.
Од клубот, натпреварот го најавуваат како одлична можност за љубителите на фудбалот од нашиот град да се потсетат на убавите фудбалски моменти, успесите и бројните спортски возбудувања, кои имавме можност да ги бодриме и следиме од трибините.
Во поканата која ја упатуваат до сите поранешни фубалери и тренери во клубот, симпатизери и љубители на фудбалската игра од Македонска Каменица, ветуваат вистински спектакл во кој посетителите ќе уживаат и заедно ќе го одбележат јубилејот, 10 години од формирањето на Футсал Клубот “Рудник САСА”.
Футсал Клубот „Рудник САСА“, во 2012 година, е формиран од група ентузијасти, поранешни фудбалери и спортисти од Македонска Каменица.
Во првите четири години од постоењето постигнува врвни резултати во натпреварувањата од Втората македонска футсал лига. Клубот, во натпреварувачката 2016/17 сезона се преселува во Првата македонска фудбалска лига, каде продолжува со солидни клубски резултати.
Во соработка со Футсал Клубот „Рудник САСА“, настанот ќе биде пренесуван ВО ЖИВО на нашиот официјален канал на YOUTUBE, Kamenica.Mk TV.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *