Фрлена ракавица од советникот Венко Крстевски до колегите: Ајде паушалот за август да го донираме како бонус за пожарникарите

Со едногласна одлука, Советот на Општина Кочани издвои два милиона денари како почетна помош за граѓаните чии објекти и друг имот се ошт етени од пожарот што го зафати Кочани на 2 август.

На денешната вонредна седница беше формирана и Комисија за проценка на ште тите од огнената стихија.

– Со оглед на итноста на одлуката, ги зголемуваме средствата определени со програмата на Советот за постојани резерви, при што се прави привремено намалување во делот наменет за уредување на градежното земјиште.

Се работи за првично надоместување на штетите што ќе ги утврди Комисијата за проценка, а ќе се бара дополнителна финансиска помош од државниот буџет – образложи Александар Јосифов, секретар на Општина Кочани.

Од пожарот во западниот дел на Кочани на страдаа куќи и помошни објекти во Белското Маало, како и штали со крупен добиток и живина.

– Шт етите се материјални, тоа се средства кои се надоместуваат, најважно е дека нема пов редени. Оваа непогода е доказ дека кога се разбираме и кога сме солидарни, надминувањето на проблемите е возможно – истакна градоначалникот Николчо Илијев.

На денешната седница збор зеде и независниот советник Венко Крстевски кој повторно излезе со голем потег во кој вели:

-На денешната седница дадов предлог советниците на Општина Кочани своите паушали за месец август да ги донираат како бонус за пожарникарите од ТППЕ Кочани.

Исто и упатив повик до директорот на ЦУК Стојанче Ангелов да си поднесе неотповиклива оставка и да престане да се глу пира со своите изјави.

Беше створена непотребна тензија, се надевам дека сега сите колеги советници ќе дадат свој придонес.

Останува да се види дали оваа отворена ракавица ќе ја прифатат останатите негови колеги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *