(ФОТО) Вандализам во Македонска Каменица: Уништена фонатаната и урбаната опрема на Градскиот плоштад

Македонска Каменица, 01.06.2022 година – Во текот на изминатата ноќ, од страна на непознати сторители, на вандалски начин е уништена на фонтаната од градскиот плоштад во Македонска Каменица.

Со овој вандалски чин, како што известуваат од ЈП Камена Река, покрај фонтаната, во голема мера е уништена и останатата урбана опрема на плоштадот.

“Градежните екипи на ЈП Камена Река веќе работат на поправка на оштетувањата, при што санацијата на уништената опрема ќе биде завршена во најкус можен рок”, – велат од Јавното претпријатие, од каде додаваат дека, “овие активности создаваат дополнителни финансиски импликации за претпријатието, што ќе се одрази и врз буџетот на граѓаните. Затоа, апелираме до граѓаните да се воздржат од вакви вандалски чинови, а сите забележани појави на вандалско однесување да ги пријавуваат кај надлежните”.

Во координација со општина Македонска Каменица, случајот е пријавен во МВР. Се очекува откривање на сторителите и соодветна казна за истите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *