Фондацијата „Ице Бегов“ преку хуманитарниот настан „Небо Сино“ ќе обезбедува средства за Летен камп на лицата со посебни потреби од Дневните центри во Македонска Каменица и Делчево

Фондацијата „ИЦЕ БЕГОВ“ на 28. Јули 2023 година, во Македонска Каменица ќе го организира вториот хуманитарен настан „Небо сино“.
Настанот ќе се одржи со почеток од 19:00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица

Дел од богатата и разновидна програна на годинешниов хуманитарен настан ‘’Небо сино’’ ќе бидат дечињата од ЈОУДГ Бамби, играорната група при КУД ,,КУД Вера Јоциќ’’, бендот на нашиот сограѓанин Никола Велиновски „Replay Band“,Ангела Димитриевска, а свој настап ќе имаат и штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, Стефан Постолов и Јордан Андов. Специјален гостин на хуманитарниот настан ќе биде афирмираната македонска музичка ѕвезда Ристо Самарџиев.

Хуманитарниот настан се одржува во спомен на Ице Бегов, голем пријател на нашиот град. Човекот кој ја сакаше Македонска Каменица како свој родно место. Во негова чест, фондацијата „Ице Бегов“ го организира овој хуманитарниот настан, со цел единствена обезбедување на средства за летен камп за корисниците од Дневните центри за лица со посебни потреби во Македонска Каменица и Делчево. Летниот камп ќе се одржи во текот на месец септември во Охрид.

Како што истакнуваат од Фондацијата „Ице Бегов“ овој хуманитарен настан ќе прерасне во една убава традиција и заедно со граѓаните на Македонска Каменица ќе помогат во подигањето на јавната свест. Заедно да покажеме дека човекот е човечен, да покажеме добрина и да донираме средства за лицата со посебни потреби, – стои во соопштението од Фондацијата „Ице Бегов“

 

Фондацијата Ице Бегов е основана во месец април 2022 година и една година по нејзиното формирање, успешно функционира и има реализирано повеќе проекти. Мисијата на Фондацијата „Ице Бегов“ е да чекори по патот на хуманоста, ведриот дух и добрината. Преку организација на хуманитарни настани, фондацијата непрестано работи на продолжување на споменот на Ице Бегов и неговиот хуман дух.

Фондацијата „Ице Бегов“ ве поканува заедно да ја почувствуваме среќата и задоволството што ја носи хуманоста и заедно да подадеме рака за еднакво, поубаво и посреќно општество!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *