После откажувањето на Дојранско Езеро и на Тиверија, кои поради финансиски проблеми побарале да не играат во второлигашката конкуренција, Каменица Саса останува второлигаш. Ова го потврдија и од самиот клуб, дека идната сезона повторно ќе играат во Втората лига, и покрај тоа што тие испаднаа.