ФК Каменица Саса доби 40 фудбалски топки и дефибрилатор од Фудбалската федерација на Македонија

ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, заедно со останатите 15 клубови од Втората фудбалска лига на Македонија добија вкупно 640 фудбалски топки. Фудбалските топки се произведени по највисоките стандарди на ФИФА и сите се со дизајн на ФФМ.

– „Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ и нашите национални тимови, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ. Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои придонесуваат за развој на фудбалот во Македонија, „Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои придонесуваат за развој на фудбалот во Македонија“ –  истакна за медиумите Муамед Сејдини – претседателот на Фудбалската федерација на Македонија

Сејдини во изјавата додаде дека, „Фудбалската федерација на Македонија започна со донирање и распределбата на вкупно 13.800 фудбалски топки (FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2 МФЛ, Трети лиги, младински конкуренции, Женска фудбалска лига, футсал натпреварувања и Национални тимови)“.

Исто така, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите од МФЛ и посветувајќи грижа за здравјето на фудбалерите и учесниците на натпреварите од домашниот шампионат, донираше дефибрилатори за сите, шеснаесет екипи, од Втора МФЛ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *