ФК Каменица Саса ги започна зимските подготовки и ги промовираше новите засилувања во тимот

Започнаа подготовките за пролетниот дел од првенството во ФК Каменица Саса од Македонска Каменица. Првата прозивка и тренинзи започнаа на 15 јануари, а денеска тренерот Горан Гоцевски ги промовираше и првите 6 засилувања кои му се приклучија на каменичкиот второлигаш во зимскиот преоден рок.

Условите за работа во клубот се добри. Верувам дека со пожртвувана работа и максимална вложеност на теренот, ќе успееме да ја подобриме нашата игра во преостанатиот дел од првенството и ќе успееме да обезбедиме продолжување на натпреварувањето во второлигашкото друштво, – истакна Гоцевски кој додаде дека „покрај денеска објавените 6 нови засилувања. клубот е во завршни преговори со уште неколку квалитетни фудбалски имиња“. Исто така, веќе се договорни термините за првите три контролни пријателски натпревари.

При денешното промовирање на првите 6 засилувања во зимскиот преоден рок од ФК Каменица Саса напишаа:

Почитувани,
Нов член во редовите на нашата ФК Каменица Саса повторно ќе биде нашиот Симон Стојковски.
Стојковски, како голман произлегува од младинските школи на ФК Каменица Саса. Роден е во Македонска Каменица, има 24 години. Како засилување во зимскиот преоден рок доаѓа од екипата на кочанско Осогово.
Симон Стојковски
Филип Димоски е ново засилување во редовите на нашиот клуб Каменица Саса.
Како засилување во зимскиот преоден рок, доаѓа од екипата на прилепска Победа, како еден од најефикасните поединци во есенскиот дел од првенството.
Со настапите во редовите на Каменица Саса од претходните натпреварувачки сезони, Димоски е добро познат фудбалер кај каменичката публика и спортската јавност во Македонска Каменица. Тој има 24 години, игра на позиција крилен напаѓач.
Филип Димоски

19 годишниот Марко Соколов од Кочани е ново фудбалско име во редовите на нашиот клуб Каменица Саса. Тој како одбранбен играч, на позиција штопер, доаѓа од редовите на Осогово од Кочани.

Марко Соколов
Во редовите на нашиот клуб Каменица Саса, ни доаѓа 20 годишниот Никола Стоиловски од делчевска Брегалница.
20 годишниот Стоиловски е поранешен кадетски и младински фудбалер на Каменица Саса. Доаѓа како засилување на позицијата десен бек и штопер.
Никола Стоиловски
Младиот Филип Димитровски е уште едно ново засилување во редовите на нашиот клуб Каменица Саса.
18 годишниот Филип е поранешен фудбалер на Каменица Саса. Го паметиме по одличните настапи во нашите пионерски и кадетски екипи. Доаѓа од Брегалница Делчево. Игра на позиција десен бек.
Филип Димитровски
Кристијан Таневски е нов играч во редовите на нашиот клуб Каменица Саса.
18 годишниот Таневски доаѓа како позајмен фудбалер од екипата на Македонија Ѓорче Петров, Скопје. На позицијата штопер има настапувано и за екипата на скопски Вардар.
Кристијан Таневски

 

Од Фудбалскиот клуб Каменица Саса им посакуваат добредојде на новите членови на црно зеленото семејство од Македонска Каменица и им посакуваат многу заеднички успеси во натпреварите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *