Филипче : Двајца починати , едниот на 91 и еден на 31 годишна возраст, 16 новозаболени

На Клиниката за инфективни болести  утрово починале две лица, пациенти на 31 и 91 годишна возраст, новозаразени се 16 лица, вкупно 257 заболени со коронавирус во Македонија, информира министерот Венко Филипче.Со новите случаи до денеска од Ковид-19 починале шест лица.

Помладиот пациент кој утрово починал имал тешка клиничка слика.Кај него дошло до нагло влошување на состојбата. Тој од вчера бил ставен на респираторна машина.

На Инфективната клиника во Скопје примени тројца ново заболени од Скопје и Куманово, на клиниката досега се хоспитализирани 49 хоспитализирани лица, од кои седуммина се со потешка клиничка слика, односно имаат пневмонија, а другите пациенти се во стабилна состојба. Во моментов нема пациенти на респираторни машини.

Двајца имаат втор негативен тест, за два до три дена по нивните втори тестови уште седум пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *