Учениците техничари за дизајн на облека во соработка со “Текстил М” изработија новогодишни подароци за вработените во училиштето

Македонска Каменица, 30.12.2022 година – Техничарите за дизајн на облека во четврта година при СОУ “Миле Јаневски Џингар” во соработка со ДООЕЛ “Текстил-М” од Македонска Каменица изработија марами за вработените во училиштето. Со тоа, учениците кои посетуваат практична настава во оваа модната конфекција “Текстил М”, со изработката на подароци упатија новогодишна честитка за професорите и вработените во каменичката гимназија.

Училиштето на својот официјален налог упати благодарност до учениците и професорките, за успешно реализираната идеја, честитајќи им ги Новогодишните и Божиќни празници на вработените во Текстил- М, со желби за поуспешна соработка и многу заеднички активности во Новата 2023 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *