Македонска Каменица, 1.Април 2017
(www.kamenica.mk)
Денес во организација на ООУ “Кирил и Методиј” од Македонска Каменица на Градскиот плоштад се одржува традиционалното одбележување на Денот на шегата и смеата.
Целиот плоштад во Македонска Каменица и градот воопшто блескаат од детската смеа. Шарените маски и балони на дечињата од I до V одделение при ООУ “Кирил и Методиј” го прават денот вистински празник на градот.
Маскираните принцови и принцези, кловновите и самовилите, и сите други дечиња под маските на нивните херои и ликови од цртаните филмови заедно со своите одделенски наставници и во присуство на голем број родители му се радуваат на денот на смеата преку детската игра и песна.