Лавови брутално го нападнаа својот дресер во циркус (Видео)

Циркускиот дресер на лавови Олексеј Пинко заврши на итна операција откако во една прилика за време на шоу во украинскиот град Лавов го нападнаа два лава.

На видеото кое што е снимено од посетител од САД се гледаат две разбеснети ѕверки како го напаѓаат својот дресер, а тој и неговата партнерка се обидуваат да ги смират.

Гледачите почнаа да бегат од своите места, а некои останаа запрепастени од овој инцендент.

Лавовите ги прскале со млаз вода за да може да ги смират, па Пинко истрчал на безбедно. На крајот сепак завршил на итна операција поради здобиените повреди.

Откако видеото беше објавено на интернет, многу од корисниците на социјалните мрежи застанаа во одбрана на лавовите поради третманот кој што го добиваат.

Видеото оригинално е објавено пред неколку години, меѓутоа повотрно добива на популарност во последните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *