Учениците од ООУ “Кирил и Методиј” во Македонска Каменица со екохепенинг го одбележаа Денот на пролетта и екологијата

21. Март 2017 – Македонска Каменица (www.kamenica.mk)

Македонска Каменица – Околу 600 ученици при ООУ “Кирил и Методиј” во Македонска Каменица денес заедно со своите наставници во школскиот двор на училиштето организираа екохепенинг со што го одбележаа Денот на пролетта и екологијата. Помалите ученици покрај чистењето на зелените површини, денес на Денот на пролетта засадуваа и цвеќиња се со цел разубавување на школскиот двор во училиштето, додека пак повозрасните ученици Денот на пролетта го одбележаа со засадување на млади садници.

Активностите околу хортикултурното уредување на дворот од училиштето ќе продолжат и во следните сончеви денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *