Времето денес: Сончево и топло

21. Март 2017 – Македонска Каменица (www.kamenica.mk)

Фото: Драган Костовски

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 8 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 14 до 24 степени.

Во Македонска Каменица и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 22 степена.

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса, и ќе предизвика сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Во западните делови од државата ќе имa услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во вторник и четврток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *