Успешно реализирана акцијата “Дарувај книга – размени книга” наменета за библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица

Македонска Каменица 04. Април 2022 година – Успешно заврши акцијата „Дарувај книга – размени книга“, наменета за библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица, клон ЈЛБ „Илинден“ Делчево.

“Со акцијата се обезбедени вкупно 626 книги, од кои детска литература 387 книги со 107 различни наслови и литература за возрасни 239 книги”, – стои во соопштението од општина Македонска Каменица и библиотеката ЈЛБ “Илинден, од каде дополнуваат дека Читетелите од Македонска Каменица ќе имаат голем избор на книги со добри содржини кои ќе можат да ги изнајмуваат од градската библиотека”

Покрај општина Македонска Каменица, учество во реализацијата на оваа иницијатива зема дел од општинската администрација задолжен за родова еднаквост и еднакви можности за сите, како и невладиниот сектор и повеќе приватни компании.

Од библиотеката “Крсте Петков Мисирков”, клон на ЈЛБ „Илинден“ се заблагодари на сите кои ја поддржаа оваа иницијатива и донираа:

1.Општина Македонска Каменица и Комисијата за еднакви можности и родова еднаквост
2. ДОО Таке Пром
3.ДОО БМБ унион
4.ДООЕЛ Кав Кам Транс
5. ДООЕЛ Цинк Транс
6.ДООЕЛ Пајо Го
7.ДООЕЛ Данини –природна козметика
8.ДООЕЛ Де пласт монт
9.ДООЕЛ Нико стил инжињеринг
10.ДООЕЛ Нико сервис
11.ДООЕЛ Адри груп
12. ДООЕЛ Ники груп
13.ДООЕЛ МК- Коко гостилница
14.ДООЕЛ Ас Иднина
15.ДОО Виор
16.ДООЕЛ Кам Бисер
17. СПАД Царев врв-Руен
18.ДООЕЛ Кам гребен
19.ЈТД Јаков
20.Каменица.мк
21.КИЦ”Романса”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *