Урнебес во Мичиген: Цела викендица исчезнала преку ноќ. Полицијата во неверување

Полицијата трага по цела викендица која едноставно исчезнала преку ноќ во Мичиген.

Властите се сомневаат дека куќата била одвлечена од приколка на крадец, бидејќи се работи за монтажна куќа.

Куќата која е со големина на просечна јахта, сопственикот ја посетил за да престојува, кога сфатил дека таа исчезнала.

„Тоа е многу чудна ситуација“, изјави истражителот Метју Скот за локалните медиуми.

„Во моментов куќата дефинитивно не е на местото каде што би требало да биде. Има различни мотиви за кражба, но тоа се подробности што се обидуваме да ги откриеме“.

Монтажната куќа исчезнала ноќта помеѓу 18 ноември и 16 декември. Полицијата веќе има список на осомничени и верува дека во кражбата учествувале две лица, но во оваа фаза од истрагата не можат да дознаат повеќе.

Кражбата на куќи е едно од најбрзо растечките кривични дела во Америка, според институциите, но не во буквална смисла. Кражбите на недвижности најчесто се вршат преку измама со имотни листови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *