Украдено возило на Итна Помош во Кочани

Ноќеска од кругот на Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Кочани е украдено едно возило на брзата медицинска помош, марка „Тојота“, објави „Актуелности.мк“.

Како што објавија, неофицијално, украдено е возило добиено како донација.

Од болницата во Кочани за Бриф.мк информираа дека полицијата извршила увид на лице место, возилото денеска е пронајдено, било оставено во близина на болницата.

Билтенoт на МВР во последно време често информира за зачестени кражби во овој град, се крадат трактори, автомобили и комбиња по кочанските села, а чести се упадите во домовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *