УБАВА ВЕСТ: ФК Беласица од Пертич му посака добредојде на Лазар Стојановски

Македонска Каменица, 29.06.2022 година – ФК Беласица од Петрич го ангажираше 18- годишниот Лазар Стојановски, досегашен првотимец и еден од најдобрите поединци во тимот на каменичкиот второлигаш ФК Каменица САСА.

Со ова, ФК Брласица од Петрич значително го засилува средниот ред во тимот, а Лазар Стојановски го добива своето прво меѓународно искуство.

Лазар Стојановски, освен ФК Каменица САСА, како матичен клуб, во својата фудбалска лична карта ги има и одличните настапи во младинските школи и екипи на ФК Академија Пандев од Струмица. Стојановски кај пошироката спортската јавност, познавачите и љубителите на фудбалската игра важи за брз, борбен и експлозивен играч, со одличен преглед во играта на теренот.

Му посакуваме многу успеси и среќа, со надеж дека ќе продолжи да гради успешна интернационална фудбалска кариера. Каменица.Мк, ќе ги следи натпреварите и редовно ќе известува за настапите на Стојановски како првотимец и стандарден играч во редовите на ФК Беласица од Петрич.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *