УБАВА ВЕСТ: Селиана Карваљо стави потпис на договорот со ЖФК Каменица САСА

Денеска, потпис на договорот од една година со ЖФК Каменица САСА, стави Селијана Карваљо, Американка со бразилско потекло.

Карваљо во ЖФК Каменица САСА доаѓа од екипата WFC Ann Arbor од Мичиган, САД. Станува збор за одбранбена фудбалерка, која со својот квалитет ќе допринесе за поголема стабилност и сигурност во одбраната.

ЖФК Каменица САСА е вицешампион во домашното првенство од 2021/22 сезоната и победник во Купот на Македонија. Во претходните две сезони тимот од Македонска Каменица беше Шампион на Македонија со неприкосновен број на освоени бодови на табелата од Првата женска фудбалска лига на Македонија.

Welcome Seliana Carvalho good luck 🍀

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *