УБАВА ВЕСТ: ПРИСТИГНА МЕГА ЗАСИЛУВАЊЕ ВО РЕДОВИТЕ НА ЖФК КАМЕНИЦА САСА

 

Македонска Каменица, 29.01.2022 година

Пристигна убава вест за мега засилување во редовите на ЖФК Каменица САСА

Нова фудбалерка на ЖФК Каменица САСА е Пејтон Тајлер Чик, која во Македонска Каменица доаѓа од Сиетл, САД.
Откако помина медицински тестови, Пејтон го потпиша својот едногодишен договор и се приклучи на првиот тренинг на актуелните Шампиони на Македонија. Со доаѓањето на Пејтон добиваме повеќе на квалитет по крилните позиции, со своето искуство очекуваме пролетниот дел да ни помогне да бидеме уште посилни и порезултатни, – стои во соопштението од клубот.

Со среќа Пејтон, многу заеднички успеси и секако трета титула во низа!

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај 🥇🏆🖤⚒

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *